Од понеделник, во 6 часот наутро, во Грција стапуваат на сила нови правила за влез во земјата, а главната промена е задолжителното тестирање за лица постари од шест години.
Обврската за изолирање на позитивни случаи на границата или блиски контакти сега е воведена 10, наместо 14 дена.
Ќе бидат дозволени тури со водич по 20 лица на отворено.
За да влезете во Грција, треба да пополните формуларот PLF, кој можете да го најдете на страницата travel.gov.gr, како и доказ за имунизација. Оваа потврда може да биде во форма на сертификат за вакцинација со која било вакцина дадена во земјава, каде последната доза мора да се добие најмалку 14 дена пред доаѓањето.
Ако не сте вакцинирани, мора да имате негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа, а ако сте биле заразени со коронавирусот, треба да обезбедите доказ дека сте имале ковид два до девет месеци пред доаѓањето. Ова го потврдувате со тогашниот позитивен ПЦР или антигенски тест кој ви го дијагностицирал вирусот.