Српскиот Кризен штаб денеска донесе нови правила за влез во Србија. Покраинскиот секретар за здравство, д-р Зоран Гојковиќ во однос на новите правила кои ќе важат за влез во Србија истакна дека тие се однесуваат и на граѓаните на Србија, но и на странците кои живеат во земјата.
-На сите што ќе бидат целосно вакцинирани, односно со потврда за вакцинација од Република Србија, ќе им биде дозволен влез во Србија без ПЦР-тест и без изолација. Иста е состојбата и со странците доколку се целосно вакцинирани со вакцини од Република Србија, односно две дози на Фајзер, две дози Спутник V, две дози на вакцина од Синофарм. Бидејќи АстраЗенека моментално има само една доза, се подразбира дека една доза е на исто ниво со овие три вакцини за кои е потребна двојна имунизација.
Што се однесува пак до странците кои не живеат во Србија, за влез во земјата остануваат истите мерки како и досега. Кризниот штаб на Србија не разговараше за дополнителни мерки во однос на ова прашање.