Владата на синоќешната седница донесе нови мерки за справување со коронавирусот. Забрана за собирање на повеќе од пет лица во парковите но и собирање во Парк шума „Водно“,секој ден од 18:00 часот до 6:00 часот наредниот ден се дел од мерките.
Тие стапија на сила веднш, а покрај погоренаведените две, надлежните донесоа и мерка со која сите маркети, аптеки, банки и пошти, ќе мора да имаат редари при влез во истите кои ќе го контролираат и растојанието меѓу луѓето кое треба да биде на минимум 2 метри.
На седницата се донесе и мерка со која им се налага на работодавците, согласно можностите да ја организираат работата така што ќе се работи од дома.
МВР пак од Владата доби задолжение да ги засили контролите во приватни куќи и вили околу Сопиште и Соње каде што се организираат забави, а доколку бидат затекнати слични собири тогаш сопствниците ќе се соочат со казните кои важат во овој момент за непочитување на препораките на надлежните.