Иако коронавирусот уби повеќе од 3,5 милиони луѓе ширум светот во последните една и пол година, додека над 170 милиони беа заразени, неговото потекло е сè уште предмет на многу расправи, зачинето од бројни теории на заговор! Според новото истражување на британскиот професор Ангус Даглиш и норвешкиот научник д-р Биргер Серенсен, COVID–19 е создаден во лабораторија во Институтот за вирусологија во Вухан, по што кинеските научници се обиделе да ги скријат нивните траги за да изгледа дека вирусот еволуирал од лилјаците.
Угледни експерти
Даглиш, професор по онкологија на Универзитетот Сент Џон во Лондон, е познат по својот придонес во развојот на првата вакцина против ХИВ, што им овозможува на пациентите да не користат лекови со месеци. Серенсен е вирусолог во фармацевтската компанија „Imunor“, која работеше на развој на вакцина за коронавирус.
Во нивната студија на 22 страници тие цитираат обвинувања за „намерно уништување, прикривање и контаминација на податоците“ во кинеските лаборатории, вклучително и замолчување и исчезнување на научниците кои се обиделе да ја посочат вистината.
Според „Daily Mail“, Даглиш и Серенсен откриле „уникатни отпечатоци од прсти на вирусот“ за време на нивната работа, што можело да се создаде само со манипулација во лабораторијата. Тие наведуваат дека на Институтот за вирусологија во Вухан, јадрото на геномот на познатиот коронавирус е земено од лилјаци, на кои се ажурирале шила за да се направи што е можно поинфективен, а целта била да се проучи како таков вирус се однесува кај луѓето.
- Коронавирусот нема кредибилен предок по природа. Нема сомнение дека е создаден во лабораторија – вели Даглиш и продолжува:
- Кога започна пандемијата, односно кога вирусот излезе од лабораторијата, кинеските научници зедоа примероци од COVID–19 и со ретро-инженерство се обидоа да постигнат дека изгледа како вирусот да еволуирал во природата. Ова е назначено со големиот број нови видови на вирус што претежно кинески научници наеднаш влегоа во базите на податоци за вируси на почетокот на 2020 година, а кои наводно биле собрани со години порано.
Прашањето за потеклото на вирусот трае уште од почетокот на пандемијата.
Американскиот претседател Џо Бајден минатата недела им нареди на разузнавачките служби да го испитаат потеклото на вирусот, вклучувајќи ја и опцијата дека потекнува од лабораторија. Сер Ричард Дирлав, поранешен шеф на британската разузнавачка служба МИ6, рече дека треба да се испитаат наводите дека вирусот потекнува од лабораторијата, иако многумина ги опишаа како лажни вести.
Различни резултати – Студии и истражувања
– Во списанието „Lancet“ на 19 февруари 2020 година, група од 27 научници објавија дека „силно ги осудуваат хипотезите и теориите според кои COVID-19 нема природно потекло, односно дека не потекнува од природата“.
– Група научници објавија во списанието „Nature“ на 17 март 2020 година дека доказите покажуваат дека вирусот COVID-19 не е изманипулиран и дека ниту една лабораторија нема таква можност.
– На 30 април 2020 година, директорот на Националната разузнавачка служба на САД изјави дека разузнавачката заедница верува дека вирусот не е генетски модифициран
– Во ноември 2020 година, биоинженерката Росана Сегрето и генетичарот Јуриј Дејгин откриваат дека вирусот има промени предизвикани од манипулација во лабораторијата, како што е мутагенезата
– Во декември 2020 година, Дејвид Рилман, микробиолог на Универзитетот Стенфорд, објави статија за Националната академија на науките дека во приказната за COVID-19 нема клучни детали, вклучувајќи веродостојна историја на вирусот и како првиот човек се заразил.
– Во мај 2021 година, група од 18 научници во списанието „Science“ повика на нова истрага за потеклото на вирусот.