Нови детали околу убиството во тетовско. Имено, работник во расадникот за украсни дрвца „Еуроплантс” во тетовско село Прељубиште го убил својот газда, Холанѓанец кој го фатил како спие на работното место. Работникот револтиран зел камен и му ја смачкал главата на работодавецот.
Настанот се случил во расадник во селото Прељубиште, сопственост на сега починатиот. Осомничениот вработен во расадникот најпрвин започнал вербална расправија, а потоа и физичка пресметка со работодавачот. Притоа тој му задал удар со камен во главата и му нанел смртоносни повреди.
Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување на траги и нивно натамошно вештачење и наредба за обдукција на починатото лице, а одземени се и видео записи од мобилен телефон на очевидец на настанот. Осомничениот е лишен од слобода, а истрагата во обвинителството продолжува до целосно расчистување на случајот, информираше ОЈО.