Хрватските медиуми пренесуваат морничави детали за грозоморното убиство на трите деца што ги задавил нивниот татко.
Имено, Хералд Копиц стравичното злосторство го спровел во два часот наутро во неговиот стан во елитната населба Млинови.
Без да насети дека нешто може да им се случи, поранешната сопруга на Копиц ги оставила децата кај нивниот татко за викенд како што обично правеле и заминала на службен пат во Дубровник.
Во својот луксузен стан во елитната населба во Загреб, Копиц таа вечер си играл со децата, а потоа им спремил вечера и ги испратил на спиење. Тоа било сон од кој не требало никогаш да се разбудат бидејќи нивниот татко пред да легнат на сите им дал коктел од разни лекови, пишува Vecernji list.
Децата после тоа брзо заспале. Но, Копиц не очекувал дека ќе почнат да се будат. Наместо тогаш да се откаже од својот страотен план, тој направил нешто спротивно и уште поужасно. Кога почнал да се буди седумгодишниот син, се уште зашеметен од таблетите, Копиц почнал да го дави. Детето не можело да пружи никаков отпор. Истото тоа го повторил уште два пати и со неговата сестра близначка и со најмалиот четиригодишен син. Кога се уверил дека ниедно од децата веќе не дише, ги зел едно по едно и ги однел на софата во дневната соба, ги наредил еден до друг и околу нив ги ставил нивните омилени играчки.
Малку после полноќ, кога помислил дека децата засекогаш ги успал со таблетите, но пред да ги задави, 56-годишниот Австриец напишал проштален статус на Фејсбук и на Инстаграм. Во кој се збогува со сите и посочува дека го сторил тоа зато што го оставила љубовта на неговиот живот затоа што неговата поранешна жена била лоша кон неа и затоа што останал без пари.
„Збогум на сите, ќе заминам затоа што веќе не можам. Љубовта на мојот живот ме остави бидејќи мојата поранешна сопруга беше лоша кон неа и немам пари. Се што се обидов во последнава година и пол не ме врати на работа, дури ни браќата од масонската ложа не можеа да ми помогнат, на крај не ми одговараа ни на повиците. Само пријателите Манфред, Роланд и брат Хелмут ми помогнаа колку што можеа. Сега дојдов до крајот. Затоа, збогум“, напишал Копиц на англиски.
Од хрватската полиција соопштија и дека психолошка помош ќе биде обезбедена за припадниците на полицијата кои први пристигнале на местото на несреќата. Заменик државен обвинител на Хрватска вели дека истрагата се уште е во тек.
„На местото на настанот пронајдени се три тела кои немале знаци на живот. Итната медицинска служба констатираше насилна смрт кај децата.“ – соопштија од хрватското обвинителство.
Таткото на децата е сместен на одделот за интензивна нега во загребската болница Сестри на милосрдието, а покрај него постојано има порипадници на полицијата.
„Неколку часа после полноќ во болницата беше донесено лице на возраст од 56 години во тешка состојба.После првичниот преглед, лицето беше префрлено во одделот за интензивна нега за понатамошна дијагностика.Во моментов, неговиот животне е загрозен. Врз него се прават неколку испитувања поради сомневања дека бил под дејство на дрога.“ – изјави Давор Вагиќ директор на болницата Сестри на милосрдието.
Според хрватските медиуми, децата живееле со мајката а викендов требале да го поминат со таткото кој бил австриски државјанин но живеел во Загреб каде работел во неколку консултантски фирми.
Comments are closed.