Графичкиот дизајнер Марко Михаиловски од Тетово направи вибер стикери со ликот на министерот Венко Филипче и д-р Милена Стефановиќ за да ја подигне свеста да се следат препораките од Министерството за здравство и во чест на сите оние кои што неуморно работат и помагаат за справување со новиот коронавирусот Ковид-19.
Во „пакетот“ со стикери има неколку со ликот на министерот Венко Филипче, на кои пишува „Седи дома“, „Миј ги рацете“ и „Слушај го Венко“. Стикерите се преведени и на албански јазик.