Мијата има нова песна насловена „Добра ноќ, добар ден“ за која има и видео запис направен од нејзиниот концерт кој неодамна го направи во Куршумли – Ан во рамките на прoграмата на Скопско Лето.
Песната се наоѓа на новиот албум на Мијата, насловен „Вида“.
Освен тоа, денеска, вторник, 18 јули, со почеток од 19 часот, Мијата ќе ја отвори сезоната на музичкото вечерно матине што традиционално се одржува во Скопје сити мол.
На сцената поставена на платото кај детскиот парк и ДНК-кулата, таа ќе се претстави со авторски и кавер репертоар, а ќе настапи со акустичен состав придружувана од Кире Мирчовски на гитара и Иво Митковски на бас-гитара.