Во пресрет на најавувањето на кризата со електрична енергија, швајцарската министерка за животна средина Симонета Сомаруга, ги повика луѓето да направат сè што е во нивна моќ за да ја намалат потрошувачката на електрична енергија, па така и заедно да се тушираат.
Имено, во оваа држава владата ги усвојува мерките за намалување на потрошувачката на енергија за 15 отсто оваа зима, а Сомаруга исто така ги замолила граѓаните да ги исклучуваат компјутерите кога не ги користат и да ги гасат светлата.
Нешто подоцна се коригирала и кажала дека „заедничкото туширање не е соодветно за сите старосни категории“, но во меѓувреме „заработила“ бројни шеговити коментари.
За да проверат дали ваквата идеја воопшто има смисла, уредниците на шпанската ТВ емисија „Кватро ал диа“ го испратиле новинарот Ману Лахарин на необична задача, па го наговориле да се соблече и да влезе во туш-кабина со една млада дама.
„Што сè човек мора да прави за да заработи за леб“, изјавил Лахарин при вклучувањето во живо, па преминал на насапунување и триење.
Сепак, учесниците на необичниот прилог речиси едногласно истакнале дека не им било баш пријатно, а новинарот со гледачите ја споделил информацијата дека Шпанците во текот на едно 5-минутно туширање трошат помеѓу 60 и 105 литри вода.
Дали во текот на прилогот била остварена некоја заштеда, на крајот не пресметале…
https://twitter.com/i/status/1572813660866707457