Министерот Венко Филипче објави дека Зоран Заев и Христијан Мицкоски се во задолжителен карантин 14 дена откако имале интервју со новинар позитивен на коронавирус.
Првиот резултат од тестот на Мицкоски бил негативен, а Заев е во Струмица и резултатот ќе се знае во текот на денот.
Новинарот од една телевизија што ги заразил е во Инфективна клиника и е во добра состојба.