Новинарот на ТВ 24, Мишко Иванов, по синоќешните интервјуа со лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ – Зоран Заев и Христијан Мицкоски добил закани преку социјалните мрежи.
– Што да каже човек. Страшно. Овој поздрав ми стаса после двете интервјуа со Мицкоски и Заев. Не дека ќе не исплаши, ама добро е да се види. Од што им ќутиме мислат дека се плашиме. Ова мора да заврши, – напиша Мишко Иванов на својот Фејсбук профил.