Новинарката на “Проверено“, Ана Малбаша се обидела да стапи во контакт со посредник околу добивање диплома во Босна и Херцеговина. Тој и ги понудил своите услуги, а во замена барал секс.
“Ако имаш пари можам да ти средам да бидеш и астронаут. Зависи каква си. Ако си “мачка“ и ми се допаднеш, може и за пола цена. Прати ми слика преку Вибер. Сликај се пред огледало од сите страни па ќе разговараме“ ,и рекол посредникот на новинарката која го прошала што значи пола цена.
“ Ќе се договориме кога ќе се видиме. Јас своите услуги ќе ги наплатам во хотел. А ти среќна ќе се запишеш во школото и ќе ми бидеш благодарна. Кога ќе го резервирам хотелот, ќе ти се јавам“ и порачал тој на новинарката која го запрашала може ли прво да добие диплома.
“ Па дипломата не виси на гранка. Прво јас ќе го исполнам тоа што го ветив, па ти си потоа на ред“.