Новинарката Татјана Војтеховски му помагала на Милан Поповиќ за да ѝ го одземе синот на Северина. Како што истакна пејачката Милан имал помош од новинар за да дојде до целта. Меѓу споменатите е и Татјана Војтеховски.
“Ја зема за пи-ар Татјана Војтеховски и дури и со нашите мејлови ги испраќаа овие мејлови, во кои таа дава точни инструкции што да пишуваат медиумите во Србија и Хрватска“, рече Северина.
Инаку, дел од причините поради кои Северина го изгубила старателството се:
Одбивање соработка со институциите (недоаѓање на рочиштата и неодговарање на повици од Центарот за социјална работа); На социјалната работничка и рекла дека е крава; Го прогласи својот поранешен сопруг за селанец на судење; Не дозволуваше детето да оди на училиште повеќе од еден месец; Училиштето поднело пријава за занемарување на детето; Медиумска изложеност на детето.