Големата холивудска ѕвезда Бред Пит (58) неодамна е виден на „дејт“ со Емили Ратајковски, 31-годишниот супер модел и манекенка, па во оваа прилика јавноста ја разбуди желбата за одговори на прашањата – Што се случува овде? Дали Емили е следната Анџелина?
Според анонимни извори, манекенката и актерот веќе неколку пати биле видени заедно, а еден очевидец ја објавил ваквата информација на социјалните мрежи која ја пренесоа светските медиуми.
Бред и Емили биле видени како заедно ручаат во Париз, а подоцна фановите повторно го забележале парот заедно во еден бар во Њујорк. Актерот и манекенката сè уште не се огласиле по повод ваквите шпекулации.
Имено, Емили Ратајковски и нејзиниот сопруг Себастијан Бер-Меклард се разведуваат по 4 години брак, а одлуката за разделбата ја донела Ратајковски. Гласините за нивниот развод првпат се појавија во јули кога 31-годишната манекенка беше видена без бурма на раката. Подоцна се појави веста дека нејзиниот сопруг бил неверен во текот на целата врска и бракот, па убавата Емили одлучила да стави точка на врската од која има и син.
Бред Пит е во центар на скандал поради судењето со поранешната сопруга Анџелина Џоли која одлучила да обелодени детали од нивниот бурен однос во бракот. Разузнавачките агенции за малку ќе го уапсеа холивудскиот актер поради инцидент во авион во 2016 година кога тој наводно се опил и вербално ја малтретирал сопругата и еден од синовите. Бидејќи небото над земјата е во надлежност на федералната влада, ФБИ спроведе кратка истрага, по што актерот беше ослободен од обвиненија.