Нова трагедија го погоди македонскиот спорт откако вчера животот го загуби младиот ракометар на РК Охрид, Јован Николоски.
Станува збор за 17-годишно момче кое настапуваше за младинските категории на РК Охрид, а раководството на „сино-белите“ попладнево ја потврди трагичната вест.
-Со длабока тага и неверување ја добивме веста за смртта на нашиот Јован Николоски. Јован имаше само 17 години, настапуваше во младинските категории. Сочуство до семејството од играчите и управата на клубот, почивај во мир, ќе те паметиме засекогаш! ГРК Охрид.
Инаку, Николовски трагично го загубил животот во сообраќајна несреќа кај селото Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево. Во несреќата во која настрада младиот ракометар на Охрид, тешко повреден е уште еден 17-годишник кој управувал со возилото. Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“.