Само неколку дена откако поранешната сопруга на Флојд Мејведер, Џоси Херис, со која тој има три деца, беше пронајдена мртва во својот автомобил, боксерот доби уште еден тежок фамилијарен удар.
Американските медиуми објавија дека починал 58-годишниот Роџер Мејведер, чичко и тренер на Флојд, со кого боксерот ги постигна и дел од најголемите успеси во кариерата.
Роџер кој и самиот бил боксер и своевремено стигнал до две светски титули, му беше тренер на Флојд во првите години од неговата професионална кариера, а се врати на позицијата по краткиот период во кој истата ја презема таткото на славниот боксер. Роџер и Флојд потоа соработуваа меѓу 2000 и 2012 година и американскиот боксер никогаш не ја криеше поврзаноста со својот чичко, кој починал откако имал повеќе здравствени проблеми.