Нова научна студија открива дека точноста на ПЦР-тестовите на ковид-19 следи секојдневен образец.
Најголем број точни позитивни резултати се јавуваат кај тестовите направени околу пладне, а вечерните тестови го зголемуваат бројот на лажно позитивни резултати.
Студијата исто така сугерира дека пладнето е дел од денот кога и за симптоматските и за асимптоматските лица има најголема веројатност да го пренесат коронавирусот на други.
Научници од Универзитетот „Вандербилт“ во Нешвил докажале дека веројатноста за точен позитивен резултат е двојно поголема доколку тестот се прави во средината на денот, а не навечер.
Вирусното оптоварување на поединецот станува пониско по 20 часа, што значи дека резултатот од тестот спроведен во тој период од денот е поверојатно да биде лажно позитивен.
Најголем број позитивни резултати имало во попладневните часови, околу 14 часот. Ова укажува дека во овој период од денот е најактивно ослободувањето на заразените честички во крвта и слузницата, таканаречена вирусна трансфузија.
Авторите на студијата анализирале податоци од 86.342 клинички испитувања спроведени во речиси 130 клиники во Америка во периодот меѓу март и август минатата година.