По младиот тренер од Шпанија Франциско Гарсија, кој имаше само 21 година, уште еден тренер почина од коронавирусот.
Како што јавува “Техеран тајмс“, во понеделникот починал Ахмад Тахери, тренер од Иран кој имал намален имунитет поради операција на тумор на мозокот пред четири месеци.
Тахери бил тренер на неколку фудбалски клубови во Иран, а во последно време работел на и како тренер на футсал екипи. Еден период тој бил и спортски директор на футсал репрезентацијата на Иран.