Доколку планирате да патувате во Грција за празниците, сепак ќе ви треба доказ дека не претставувате закана по здравјето кога станува збор за коронавирусот. Според новата заедничка министерска одлука, сите правила кои важеа до утре, 18 април 2022 година, ќе важат до 1 мај до 6 часот наутро.
Ова би значело дека ви треба едно од следниве за да влезете во земјата:
– Доказ за примена на бустер доза, кога било
– Две дози вакцина, од кои втората не е примена повеќе од 9 месеци пред пристигнувањето
– Сертификат за прележан ковид-19 кој не е постар од шест месеци
– Доколку не сте вакцинирани и не сте го имале вирусот во опишаната рамка, неопходен е антиген тест кој не е постар од 24 часа или негативен PCR не постар од 72 часа, пишува на Фејсбук страницата Грција во живо.
Овие правила важат за сите постари од 5 години и за граѓаните на Србија, Црна Гора и Северна Македонија, додека туристите од БиХ во секој случај мора да направат тест без оглед на статусот на вакцинација.
Како што се наведува понатаму, во однос на движењето низ државата и влезовите во различни објекти, издадено е пропратното Решение бр.1882/2022, според кое ништо не е променето од важечките прописи до денес. Значи, за да се влезе во сите објекти кои можат да бидат од интерес за туристите, освен за намирници и аптеки, потребно е да се има некој од горенаведените предуслови.
– Оние кои имаат само брз тест со него може да седат само во бавчите на угостителските објекти, но не и внатре. Луѓето кои имаат само брз тест не можат да влезат во музеи и на археолошки локалитети. Децата од 4 до 17 години можат да се само-тестираат само во аптеки, стои на страницата.