Светската здравствена организација објави дека ќе го тестира ефектот врз ковид-19 на три лека што се користат за лекување на други болести.
Се испитува дали употребата на овие лекови може да ја намали смртноста поради инфекција со коронавирус. Се работи за антималаричниот лек „артесунат“, потоа „иматиниб“, кој се користи кај пациенти со карцином, и „инфликсимаб“, кој моментално го користат луѓе со заболувања на имунолошкиот систем.
Претходното истражување на СЗО откри дека претходно користениот „ремдесивир“ и „хидроксихлорокин“ не им помагаат на пациентите со ковид-19.
Во истражувањето учествуваа илјадници луѓе во неколку стотици болници во 52 земји.