Жена која издавала соби на туристи на грчкиот остров Крит дошла до оригинална идеја, преку ЕрБнб да издава кревети во својот двор. Инструкторката по јога, Габриела имала голема градина пред својата куќа на Крит и дошла до идеја да изнајми соба на отворено која може да прими три гости.
Својата нова услуга таа ја нарекла “природен хотел“, а како што вели, кога нема гости и самата сака да спие на отворено.
– Можеби оваа соба нема ѕидови и клима, но има поглед од милион долари, ви-фи, доручок кои се вклучени во цената. Што се однесува до купатилото, тоа е во приземјето на куќата, што е доста практично – вели Габриела.
Инаку, и самата Габриела се изненадила за големиот интерес на туристите, па засега има дури 600 позитивни коментари.