Олабавувањето на мерките од корона вирусот ќе го промени и патувањето со авион во целииот свет. Поголем дел од компаниите ќе се придружуваат на новите упатства кои ќе се однесуваат на контрола на патниците дали имаат корона како и за самиот лет.
Од патниците ќе се бара да дојдат на аеродром четири часа пред летот за да ги поминат сите контроли. Држењето на дистанца од два метри ќе биде неопходно. Во самиот авион ќе мора меѓу патниците да има минимум по едно празно место. Исто така и носењето заштитни маски од страна на персоналот и од патниците ќе биде задожително. Тие се ставаат штом ќе се стапне на аеродром, а се отстрануваат кога се пристигнува до одредиштето. Ваквата мерка е неопходна за да се зачуваат животите, и за да не дојде до циркулирање на вирусот. Исклучок од ова правило се децата помлади од 6 години. Освен тоа, маските мора да се менуваат на секои 4 часа од хигиенски причини, па ЕУ им советува на патниците да понесат доволно маски со себе.
ЕУ советува едно седиште во редот да остане празно и правилото за дистанца да се почитува што е можно повеќе, додека услугата во авионите би требало да биде сведена на минимум.
ИАТА, Меѓународното здружение за воздушен сообраќај, ги отфрла барањата за одржување на социјална дистанца и предупредува на неминовно зголемување на трошоците. Воведувањето на задолжителна дистанца во авионите меѓу патниците би ја сменило економијата на авиосообраќајот, а резултатите би биле: значително поскапи авионски карти кои директно би го загрозиле авиосообраќајот и авиокомпаниите, посебно нискобуџетните и секако патниците.