Измамите додека патувате се многу честа појава, а истите можат да се случат во одморалиштата или на паркинг.
Една од најчестите измами, која е забележана и на Халкидики, вклучува поставување лажна банкнота (обично од 50 евра) на шофершајбната на паркирани автомобили – предупредува порталот money.it.
Методата, која главно се припишува на организираните банди во Италија, но и другите земји, вообичаено се спроведува со банкнота од 50 евра оставена на бришачите на шофершајбната. Возачите главно застануваат кога ќе ја видат банкнота и излегуваат од автомобилот за да ја земат.
Сцената изгледа невино: приоѓате кон автомобилот, гледате банкнота на стаклото и, во обид да ја земете, излегувате од возилото, понекогаш оставајќи ги клучевите во бравата.
Токму тој момент го користат крадците за да го украдат возилото или вредни предмети од кабината. Подоцна, често се утврдува дека банкнотата е фалсификат.
Овие кражби се извршуваат за само неколку секунди, а зад нив најчесто стојат организирани криминални групи.
Измамите се најчести во туристички сезони, кога луѓето се опуштени, неискусни и не се запознаени со локалните криминални тактики.