На 50-годишна возраст почина Д-р Владимир Евтимовски кој работеше како радиолог во клиничката болница во Тетово.
Евтимовски во понеделникот почувствувал симптоми, се тестирал, а позитивниот тест за присуство на коронавирус пристигнал во вторникот. Состојбата нагло му се влошила по што бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, но по кратко боледување вчера ја изгуби битката со коронавирусот.
Евтимоски речиси 20 години бил дел од јавното здравство, а колегите за него имаат само пофални зборови.
“Мојот драг колега др. Владимир Евтимовски му ја предаде својата душа денеска на Господ Севишен, служејќи им на своите пациенти и во најтешките моменти!
Почивај во мир драг пријателу! Секогаш ќе ни недостигаш!“ напиша д-р Арѓенд Имери.
Д.р. Евтимовски зад себе остави сопруга и две деца.