Специјално за улица.мк од Банско: Ребека Мучева
Банско и оваа година се покажа како привлечна дестинација за туристи љубители на зимските спортови, но и на динамичниот ноќен живот. Рестораните,“механите“ и баровите се полни со посетители на различни возрасти, а ски стазите се одлично подготвени за оваа сезона. Цените се високи за стандардите на балканските земји, но сепак рестораните се полни во текот на денот. Времето дозволува и голема раздвиженост во градот бидејќи е сончево без снег и дожд. Низ улиците преовладуваат грчкиот и српскиот јазик, а изненадувачки македонскиот не е многу присутен.
Ново годишната еуфорија не беше голема пред дочекот на 2019-тата, иако насекаде се планираа прослави за различни вкусови. По полноќ, посетителите излегоа надвор да го гледаат впечатливиот огномет кој доаѓаше од различни места во градот и да наздрават за среќна и успешна нова година.