Новата ски патека во Маврово доби име, а познат е и кумот кој се бираше на фејсбук-страницата на ски центарот Маврово.
“Чест ни е да ви соопштиме дека името на новата патека во Ски центар Маврово ќе биде „52“ (педесет и два) во чест на 52-цата загинати градители на Мавровскиот хидроенергетски систем, граничари и жители на неколку горнорекански села кои трагично го загубија животот во снежната лавина ноќта помеѓу 10 и 11 февруари 1956 година.
Кумот на новата ски патека е Оливер Мицевски, чиј предлог доби најмногу гласови, односно лајкови. Го замолуваме да нè контактира во инбокс. о
Повеќе детали околу обележување на патеката и поставување на знаците ќе објавиме дополнително“ – пишуваше на фејсбук страницита на ски центарот Маврово.