Новата и засега последна песна на легендарниот британски поп-рок состав „Битлси“ – „Now And Then“ (Сега и тогаш) за само 21 час по првичното објавување на платформата Јутјуб собра речиси 4,8 милиони
А, пристигнуваат и бројни реакции од обожавателите.
Песната е првично снимена во облик на демо-снимка пред 45 години. Нецелосната трака е напишана и отпеана од Ленон во 1978 година, а минативе неколку месеци е довршена и дообликувана од Пол Макартни, Ринго Стар и вештачката интелигенција. Снимките на Макартни му ги подарила вдовицата на Ленон, Јоко Оно во 1994 година. Она што е највпечатливо и според преостанатите живи членови од „четворката од Ливерпул“ и според интернет-корисниците, е тоа како ВИ „го оживеа“ гласот на покојниот Ленон.
– Ова е веројатно последната песна на „Битлс“ и – слушнете тука… Тоа е вистинска снимка на „Битлс“, нагласува 81-годишниот Пол Макартни во кратката видеопорака за најавата на меланхоличната „Now And Тhen“.
Во новиот производ се мешаат звуците на пијано, сологитара и гудачки инструменти. Пол и Ринго во новата верзија вклучија и изведба со електрична и акустична гитара на покојниот Џорџ Харисон снимена 1995 година.