Новата насловна страница со Мајли Сајрус ги шокираше луѓето: Пејачката откри интимни делови од телото (ФОТО)

by Тони Зографски

Американската пејачка и глумица Мајли Сајрус е ѕвездата на новото издание на списанието Wonderland, за кое позираше во досега најпредизвикувачкото издание, а фотографиите го привлекоа вниманието на нејзините обожаватели.

Фотографиите ги направи Марио Соренти, а стајлингот се погрижи Аластер МекКим. Мајли Сајрус во овој едиторијал менува кожни, чипкани и крзнени комбинации.

На една фотографија ги потсоблече панталоните и речиси целосно ги покажа своите интимни делови.

Таа е исто така коуредник на ова издание на Wonderland заедно со главниот креативен директор Аластер МекКим. За ова издание соработуваше со многу познати личности, вклучувајќи ги Доли Партон, Дерил Хана, Ноа Сајрус (сестра ѝ), Тиш Сајрус-Персел (мајка ѝ), Скаут Вилис и други.

„Работам со луѓе што ги сакам и ја оживувам идејата од почеток до крај. Никој од нас не го направи ова затоа што мораше. Сето тоа беше водено исклучиво од желба и инспирација. Исто така, бев среќна што можев да ги поддржам уметниците што ги почитувам. Да бидам опкружена со љубезни луѓе додека создавам прекрасни визуелни елементи е сон што се остварува“, рече Мајли.

останати вести