Големиот холивудски заводник, мегапопуларниот актер Том Круз има нова љубов.
37 години помладата пејачка Викторија Канал според дел од светските медиуми е новата девојка на Том.Тие двајца се запознале во јуни на Глостонбери фестивалот во Англија.
Шпанско-американската пејачка Викторија Канал, која има 25 години, настапувала со бендот „Колдплеј“, а во минатото, според некои информации, пеела и со Адел.
Нејзиниот настап со популарниот бенд од ложа го следел Круз.
Актерот веднаш се воодушевил од Викторија и дури многу брзо на младата пејачка и испратил покана за снимање на „Мисија: Невозможна 8“. Бидејќи актерот никогаш не прави вакво нешто, тоа само ги подгреа гласините во медиумите дека Том се „загреал“ по младата убавица.
“Том ја покани Викторија да биде со него цел ден на снимањето, а тоа едноставно не е нешто што тој го прави случајно за пријателите. Можеби изгледаше малку веројатно дека тие ќе станат повеќе од пријатели, но тие се неразделни. Тие често се гледаа, а Викторија е преубава “, пишува The Sun.
Само неколку дена по појавувањето на фестивалот, Викторија и 37-години повозрасниот Том Круз заедно се појавиле на премиерата на „Twisters“ во Лондон.
Том и Викторија на премиерата пристигнале заедно со хеликоптер. Двојката подоцна е видена како заедно шета низ градот.