Новак Ѓоковиќ повторно ја посети Босна и Херцеговина.Гостуваше на свадбата на џудистот Немања Мајдов, но и во Високо, каде што се наоѓаат познатите пирамиди.
Србинот го посети Високо по четврти пат за година и пол. Овој пат без сопругата Јелена, која моментално е на Косово и Метохија, каде што тој подоцна ќе и се придружи.
-Новак сака да ги посетува праисториските тунели. Не станува збор за таканаречените пирамиди, туку за антички градби. Тие го обновуваат организмот, вршат детоксикација, чистат вируси и бактерии од организмот – ни откри Семир Османагиќ во утринската програма на „Прва“.
Додека шетате низ тунелите, заборавате на проблемите, но и на секое зрачење од надворешниот свет. Меѓу другото, ни вашиот мобилен телефон нема сигнал.
– Најдовме шест влеза во тунелите, кои се вистинска подземна мрежа од неколку стотици километри. Турата трае еден час и вие сте заштитени од секакво зрачење додека сте внатре. Луѓето се преродуваат, забораваат на стресот и не треба да прават ништо посебно – вели најпознатиот промотер на босанските пирамиди, Семир Османагиќ.
Не ви треба посебна подготовка за да ги посетите пирамидите во Високо.
-Првиот пат кога влегувате имате придружба на водич, следниот пат самостојно ја одбирате просторијата во која ќе се одморите.
На прашањето колку време треба да се помине во Високо за да се почувствува моќта на енергијата што се емитува таму, Османагиќ рече:
– Викендот е прекрасна идеја бидејќи за два дена можете да ги посетите најатрактивните објекти. Оваа година имавме повеќе од 100 илјади посетители. Отворени сме сите 12 месеци.
Извор: blic.rs