Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ заедно со сопругата Јелена ќе донира милион евра за купување на респиратори и медицинска опрема за Србија.
„Сакам да испратам голема благодарност и поздрав до медицинскиот персонал кој со месеци се бори за здравјето на луѓето и се трудат на секој можен начин да им помогнат. За жал расте бројот на заразени. Јелена, јас и мојата фондација одлучивме изминатите седмици да собереме што повеќе информации за тоа за што би било најпотребно да донираме средства. Преку мојот вујко кој има добри односи на кинескиот пазар успеавме да стигнеме до конкретен произведувач на респиратори од кого чекаме да ни даде конкретна сума која би можела да ја спроведеме преку донација“, рече Ѓоковиќ кој истовремено и се заблагодари на Кина за хуманитарната помош што и ја испрати на Србија.