Многу луѓе донираа пари за малечката Софија Маркуљевиќ, а еден од нив бил и Ѓоковиќ, кој заедно со бизнисменот Миодраг Костиќ обезбедил приватен лет за девојчето.
„Собраните средства треба да бидат доволни за тримесечен престој во САД. Се надеваме дека нема да се случи нешто неочекувано. Посебно сме му благодарни на Костиќ, како и Ѓоковиќ, кои обезбедија приватен лет до Америка. Благодарност и до сите останати луѓе кои ни помогнаа“, напишаа меѓу другото од организацијата на социјалните мрежи.
Инаку, лекувањето на малата Софија во САД ќе чини дури 2,1 милион долари.