Веќе со месеци во сите светски медиуми се пишува многу за продолжување на култната серија „Сексот и градот“. После неколку месеци најава, започна снимањето, за што Сара Џесика Паркер редовно ги информира своите следбеници на Instagram.
Папараците сега ја фатија Сара Џесика Паркер како оди на вечера со нејзиниот сопруг, исто така холивудската sвезда Метју Бродерик, каде се среќаваат со уште еден славен пар – Алек и Хилари Болдвин во Хемптонс.
Сара Џесика Паркер се облече лежерно за оваа пригода, на што не сме навикнати кога е во прашање она. Бели фармерки, едноставна летна бела ретро маица и беж џемпер беа нејзиниот избори за опуштена вечер со пријателите.
Она што сите го забележале е дека познатата актерка, инаку позната по секогаш совршените прамени и локни, сега ја пуштила својата седа коса. Останува да видиме дали ова се должи на потребата да се снима продолжението на серијата „Сексот и градот“.