Студентите од Факултетот музичка уметност при Државниот универзитет во Тетово денеска протестираа незадоволни од односот кој професорката Бесијана Мемеди го имала кон студентите.
Тие бараат професорката да сноси одговорност, посочувајќи дека го прекршила членот 320 од Статутот на Универзитетот.
„Има многу генерации студенти кои ја преживеале тортурата со уцени и закани од професорката. Затоа ние решивме повеќе да не го трпиме нејзиниот терор и затоа реагираме. Ние како студенти на секое предавање бевме изложени на психичка тортура, систематски булинг и навреди, а последниот случај беше кога ни се закани дека ќе нè фати за врат само затоа што не била задоволна од коментарите на студентите на нејзина објава на Фејсбук. “, изјави студентот Арди Лена.