Јупитер, планетата на среќата, на 16 мај излегува од огнениот Овен и влегува во знакот на Бик каде ќе се задржи до 25 мај 2024 година.
Јупитер е планетата на експанзијата, растот, просперитетот и ширењето, додека Бикот е знакот којшто се однесува на материјалното богатство, удобноста, стабилноста и практичноста.
Кога овие два елементи ќе се комбинираат, тоа значи дека лицата со Јупитер во знакот на Бик ќе бидат посклони на привлекување на изобилство, финансиска сигурност и материјална благосостојба. Тие ќе бидат многу практични во својот пристап кон животот и склони да планираат и управуваат со парите на подолги патеки.
Меѓутоа, лицата со Јупитер во Бик треба да бидат внимателни да не станат премногу поврзани за материјалните работи и да не го занемарат својот духовен развој.
Треба да се потрудат да пронајдат рамнотежа меѓу материјалните и духовните вредности за да постигнат задоволство.
Јупитер во Бик ќе биде најповолен за Биковите, Јарците и Девиците. Раковите и Рибите исто така ќе го почувствуваат ова влијание на Јупитер.
БИК
Влегувањето на Бикот во вашиот знак укажува на среќни околности и можност на добивање на животни прилики кои сте ги чекале. Во наредната година треба да го искористите позитивното влијание на Јупитер кое може да ви донесе заљубување, но и добри деловни можности. Многу припадници на вашиот знак ќе се венчаат во наредната година.
ЈАРЕЦ
Јупитер, планетата на среќата влегува во вашето петто поле, така што може да очекувате проширување на семејството. Доколку сте слободни може да очекувате интересно познанство на место на јавен тип. Во наредната година вашиот живот ќе биде позабавен затоа што повеќе ќе излегувате на јавни места и ќе запознавате нови луѓе.
ДЕВИЦА
Нагласеното деветто поле со Јупитер во Бик укажува на можност на далечни патувања, усовршување, но и можност да ги завршите студиите доколку сте млади. Исто така ова е можност за духовен развој и запознавање на другите култури.