Жаклина Шопова на Фејсбук открива дека здравствените работници кои биле заболени од Ковид 19 за ноември добиле намалени плати.
“На 10 секој месец, здравството ја зема платата за минатиот месец…и не се тоа 100 000 денари кои ги вети г-динот Зоран Заев , не се ни дополнителните плати кои исто ги вети г- динот Зоран Заев , напротив тоа се намалени плати на вработените во здравство кои биле професионално заболени од КОВИД …
Ова ли е тоа што ни го ветивте г- дин премиер, г- дин министер за здравство!?
А синдикатот мудро молчи, најверојатно нема маски за да излезе на штрајк!“, пишува на својот Фејсбук профил Жаклина Шопова.