Легендарниот Мајк Тајсон (58) кој се врети вои рингот по речиси 20 години, го изгуби професионалниот боксерски меч против 31 година помладиот Џејк Пол (27).
По осум рунди борба, на мечоѕ што се одржа во Далас, Тексас, удиите пресудија во корист на Пол. „Челичниот Мајк“ во првите две рунди успеа да му нанесе значителна штета на својот противник, но младоста и издржливоста на неговиот ривал ја направија разликата. Со текот на борбата, јутјуберот ја преземаше контролата, а Тајсон и покрај обидите за пресврт во седмата рунда, немаше доволно сили да го избегне поразот. Пол го заврши мечот самоуверено, обезбедувајќи ја својата 11-та победа во боксот.
Спектаклот пред близу 80.000 гледачи го пренесуваше „Нетфликс“, а борбата се одржа под покровителство на Атлетската комисија на Тексас.
Ова беше прва професионална борба на Тајсон од јуни 2005 година, кога загуби од Кевин Мекбрајд.
Тајсон сега има биланс од 50 победи и седум порази, додека Пол има скор од 12 триумфи и еден неуспех.
За изгубениот меч, кој многумина го нарекоа „шоу’ Тајсон ќе добие 20 милиони долари, додека победникот Пол двојно повеќе, односно 40 милиони долари.
https://twitter.com/i/status/1857658148615762192
Тајсон сега има биланс од 50 победи и седум порази, додека Пол има скор од 12 триумфи и еден неуспех.