Од обновување на врската на поранешните сопружници Џенифер Анистон и Бред Пит најверојатно ќе нема ништо. Имено, глумицата е сликана на одмор во Мексико заедно со режисерот Вил Спек.
Папарарците ја “уловија’ Џенифер на плажа во минијатурни бикини заедно со Вил, во туристичкото место Тулум. “Двојката“ приметила дека ја снимаат, па на нивните лице се видело дека не им е драго што околу нив имаат несакано друштво.
Инаку, глумицата и режисерот се зближиле во 2016 година кога ја снимале комедијата “Office Christmas Party”.
-Тие имаа посебна врска и тој е дефинитивно кандидат да стане нешто повеќе од пријател. Вил е духовит, чувствителен, нежен, амбициозен, сите карактеристики кои Џенифер ги бара кај еден маж- изјавил анонимен извор.