“НИШТО НЕМА ДА НЕ СПРЕЧИ“: Која е жената која синоќа е убиена во Конгресот? (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Американските медиуми го открија идентитетот на жената која синоќа беше застрелана при упадот во Конгресот каде се одржуваше седница за потврда на победата на Џо Бајден на американските претседателски избори.

Тоа беше Ешли Бебит, ветеран на американското воено воздухопловство од Сан Диего, објави “Њујорк пост“. Пред упадот на Трамп во зградата на Конгресот, Ешли на својот Твитер профил напиша „Ништо нема да не спречи“ и „Бурата е тука“. Таа беше омажена и помина 14 години во американското воено воздухопловство.

“Целосно сум во шок. Никој од Вашингтон не му се јави на мојот син, дознавме на телевизија”, изјави за Робин Бебит, мајката на убиената жена.

На нејзината листа беа оставката на потпретседателот Мајк Пенс и обвинението против него за предавство. Пенс не сакаше еднострано да ја одбие верификацијата на изборните гласови вчера, поради што Доналд Трамп го повика на Твитер.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com