Новинарката Нора Шаќири Марковиќ на Фејсбук објави фотографија од личност која се претставувала како нејзина роднина и изнудувала пари од луѓе. Имено, Нора обелодени дека извесна Јасмина Радончиќ, случајно го носи презимето на нејзината мајка, а нејзиниот татко е случајно од местото каде е родена и нејзината мајка. Оттаму, Шаќири-Маровиќ вели дека можеби е и некоја роднина по 100. колено, но дека никогаш претходно не ја сретнала госпоѓата.
Истовремено, предупредува дека добива информации дека истата нуди вработувања, а за тоа изнудува пари, велејќи дека е роднина на семејството Шаќири и исто како и нив е блиска до премиерот, Зоран Заев.
„Другари девојкава на сликава се вика Јасмина Радончиќ од Свети Николе, бивша осуденичка во Идризово. Имам информации точни дека оди по луѓе ветува вработувања од истите наплатува сума на пари и се повикува на мое име и име на брат ми, лаже дека нејзиниот татко и мојата мајка се брат и сестра, се повикува на име на партијата СДСМ и лаже за блискоста со премиерот.
Оваа девојка НИКОГАШ во животот мој не сум ја сретнала, никогаш ама никогаш, случајно носи презиме како и мајка ми, нејзиниот татко е од исто место со мојата мајка но не сме никаков род или можеби некое стото колено појма немам. На полицијата и е добро позната, пријавена е веќе за измама, а ако било кој од вас имал работа со девојкава или некаде можеби ќе ја сретне НИШТО ДА НЕ И ВЕРУВАТЕ“, предупреду Нора објавувајќи слика од нејзината лажна роднина“, напиша Нора на својот Фејсбук профил.