Холивудскиот актер Мет Дејмон ужива во романтичните денови кои ги поминал на плажа во Мајами со својата пет години помлада сопруга Луцијана Баросо, на чие тело ниту тој самиот не може да му одолее.
52-годишниот Мет притоа и сам ја покажал прекрасната фигура на тело и мускулите на кои очигледно поработел, а 47-годишната Луцијана привлекла внимание во синото бикини додека тој не го тргал погледот од неа.
Мет и прекрасната Луцијана се во брак од 2005 година, не ги сакаат многу светлата на рефлекторите и својот приватен живот го чуваат во тајност.
Кога се венчале, речиси и да не се дознало во јавноста за нивната веселба, а парот се запознал во 2003 година во Мајами. Се сретнале на необичен и малку смешен начин којшто бил доволен за да ја почувствуваат хемијата меѓу нив.
„Требаше да снимаме на Хаваи, а потоа филмот беше преместен во Мајами. Една вечер, сред снимање, неколку момци од екипата рекоа: Ајде да одиме некаде на пиво. Јас реков: Не, не сум баш за тоа, но некако ме убедија“, раскажал Мет во едно интервју.
Добро е што го направиле тоа момците затоа што во барот во којшто биле неговата денешна сопруга работела како келнерка.
„Ја видов во преполниот простор. Не знам како би ни се вкрстиле патиштата поинаку“, заклучил актерот.
Парот некако се заљубил на прв поглед, а Луцијана своето прво интервју го дала дури во 2018 година, за австралиски „Vogue“.
„Бев келнерка, тој таму снимаше филм и екипата една саботна вечер заврши во барот. Приказната на Мет е дека ме видел на другата страна од просторот баш кога светлото било насочено кон мене. А, јас на тоа му реков: Нормално, тоа беше ноќен клуб, имаше светла насекаде“.
Меѓутоа, работите тогаш малку се комплицирале:
„Луѓето тогаш почнаа да го препознаваат и бараа да се фотографираат со него и да им даде автограм, а потоа сето тоа стана агресивно затоа што луѓето пијат и слично, па дојде и се скри зад мојот шанк“, продолжила таа.
„Ме праша дали може таму да се напие пијачка, далеку од лудилото, а притоа играше на картата шарм, а потоа рече: Те видов и навистина сакам да разговарам со тебе“.
Меѓутоа, наместо да „падне“ на неговиот шарм, Луцијана му рекла на Дејмон: Знаеш, доколку мислиш да бидеш тука, не можеш само да стоиш“.
Дејмон го прифатил предизвикот, а работата на бармен не му паднала тешко….
Во 2005 година парот одлучил да се венча и да ја прослави својата љубов со приватна забава во Њујорк, а една година подоцна тие станале родители на првата ќерка Изабел. Во 2008 година се родила ќерката Џија, а во 2010 година Стела.
Брачните завети ги обновиле во 2013 година, а Мет својата љубов кон семејството дополнително ја докажал и со тетовирање на имињата на своите најдраги жени на целата рака.