Нина Нинковиќ од Нови Сад која со продажба на крофни собираше пари за лекување на нејзиниот татко, ја доби сликата од македонски графички дизајнер и илустратор Зоран Кардула, кој на Твитер пред неколку дена објави плакат од единаесетгодишната Нина.
„Нина си ја доби сликата, благодарност до Александар прес фото ( @aleksandar.press.photo ) фотографот чија фотографија беше основа за овај постер, благодарност до @talicni_ns и Фондација @tate_novosadjani за целиот ангажман околу печатењето и организацијата и благодарност до сите кои помогнавте во напорот и желбата на малата Нина да собере пари за лекување на нејзиниот татко“, напиша Кардула.
Кардула во знак на благодарност за Нина и нејзината љубов и борбата да собере пари за лекување на нејзиниот татко, го направи плакатот „Нина девојчето со крофните“.
„Редот формиран од нејзината тезга е знак дека малата Нина ја разбуди хуманоста кај луѓето. Јас обично илустрирам ситуации или ликови, хероини, така што Нина е една од хероините на ова време и неизбежно беше јас да ја илустрирам“, изјави претходно Кардула за Блиц.