Нина Бадриќ, познатата хрватска пејачка открива како успеала да ја доведе својата линија до совршенство. Вели дека ги исфрлила намирниците од животинско потекло и дека се храни според диетата на тенисерот Новак Ѓоковиќ.
„Откако се хранам вака, телото ми е во рамнотежа, кожата и косата ми се сјајни, а имам милион пати повеќе сила и енергија во споредба со претходните години, кога не размислувам толку многу за храната што ја јадам“, вели Нина.
Фото: Фејсбук
Таа открива дека долго време се придружува на диетата на Новак Ѓоковиќ.
„Мојата сила тројно се зголеми. И умот и телото. Се чувствувам одлично, енергично, ведро, силно и на сите им препорачувам да си го подигнат имунитетот со здрава исхрана, па затоа и килограмите се топат, оваа промена е начин на живот, а не еднократна диета, а придобивките од оваа диета се навистина непроценливи за нашето здравје и живот“, напиша таа на својот инстаграм-профил.