Хрватската музичка ѕвезда Нина Бадриќ отворено проговори за проблемот со сексуалното насилство и вознемирување и за случајот на режисерот Далибор Матаниќ. Во интервјуто за „Стори“ таа се наврати и на својата кариера и откри дали имала непријатни ситуации.
“Не го познавам лично Матаниќ и како и многу други ја следев целата приказна преку медиумите. Навистина е чудно што со години се зборува гласно, дека сите некако го знаат тоа и што одамна не бил експониран како личност која ги малтретира своите колешки. Колку што можам да видам во коментарите, доби и ‘симпатизери’ по неговата покајничка изјава, која ја сметам за луда. Никој не треба да покажува емпатија кон личност која поради положбата во општеството и моќта што ја има на каков било начин ги малтретира соработниците – изјавила Нина.
Таа си ја отвори душата и проговори за нејзините искуства.
Таков пат не беше воопшто лесен за минување. Да го задржам моето достоинство и да поминам низ се беше многу тешко. И платив висока цена за мојата независност. Во оваа работа, како жена, никој не ми чуваше грб, па морав да бидам свој чувар и коректор. Многу луѓе „чепнаа“ по мене бидејќи знаеја дека нема кој да ме брани. Сепак, добриот Бог ме чуваше на мојот пат, тоа можам да го кажам со сигурност бидејќи некои крајно опасни ситуации во кои се наоѓав секогаш се вртеа на подобро. Запознав различни луѓе на мојот пат. И добри и лоши. Доживеав многу уцени, неправди и заплашувања од моќни мажи. Во животот, за жал, запознав и психопати во вистинска смисла на зборот кои се обидоа да ме малтретираат психички или емоционално. За жал, мажите во тој момент ја демонстрираа својата сила – рече таа.