Нина Бадриќ на 49 години изгледа подобро од било кога (ФОТО)

by Тони Зографски

Нина Бадриќ полека зачекори во 50-те години, но пејачката изгледа феноменално, секогаш е многу дотерана, весела и ретко кога има лош коментар за неа. Слободно може да се каже дека е една од омилените познати личности во регионот.

Таа на својот Инстаграм објави неколку кадри од подготовките за видеото, а објави и фотографии во розов фустан и високи потпетици во иста нијанса, покажувајќи дека дефинитивно изгледа подобро од било кога.

Свилениот тесен фустан ја покажува одличната линија на пејачката.

– На барање на публиката, сите што ми испративте пораки денес за тоа колку чини фустанот… Фустанот чини 200 куни (околу 3.100 динари), а чорапите чинат дури 50 куни (околу 780 динари) – напишала Нина.

Пејачката доби бројни пофалби и комплименти во коментарите. Многумина се согласуваат дека не е до цената на фустанот, бидејќи Нина изгледа како милион долари во креација од 3.000 динари.

Нина со фотографиите всушност ја најави нејзината нова песна „Pamtim“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com