Пејачката Нина Бадриќ открила дека еднаш добила покана за вечера од славниот холивудски актер. Бадриќ вели дека поканата ја одбила.
„Тоа е една од најголемите ‘грешки’ во мојот живот. Имав 25 години, бев млада и тогаш многу настапував надвор, бев во Монте Карло на некаква гала вечер. И тој ме викна надвор, а јас бев сигурна дека е некоја шега! Тоа е кога си млад и немаш самодоверба. Ме виде во клубот и го испрати неговиот асистент и 500 пати ми рече дека Кевин Костнер сака да вечера со мене. На крајот ми пријде една новинарка од Белград и ме праша што е со мене. Но, тогаш бев заљубена во некој идиот од Загреб и сега, да можам да го вратам времето, секако дека би излегла на вечера со него“, раскажала Нина за „Fakap“ и покажала нивна заедничка фотографија која ја чува во мобилниот телефон.
Нина раскажала приказна и за доцнењето на приемот кај поранешниот претседател Иво Јосиповиќ и признала дека тоа ѝ било едно од најнепријатните искуства.
„Излегов од дома спремна и средена и паднав на под пред куќата, на колена, па на нос и никој не ми поверува освен претседателот и му благодарам на тоа. Му се извинував едно половина час, земјо, отвори се“, се присетила Бадриќ.