Инфлуенсерката Клариса Мургија патувала низ Европа и решила да доплати хотелска соба со поглед на море. Но, кога пристигнала, наместо спектакуларна глетка, ја дочекало нешто сосема друго.
Соба со „поглед“
Откако ја поместила завесата и излегла на балконот, открила дека се работи за измама бидејќи некој на ѕидот од соседната зграда залепил огромен плакат на кој е претставено морето и едрилица.
„Никој никогаш не ме излажал вака“, напиша таа во коментарите под видеото кое собра 3,2 милиони прегледи и бројни коментари.
„Дури и мојот поранешен не лажеше толку многу“
„Токму ова би се случило со мене“, „Извини, но ова е урнебесно“, „Дури и мојот поранешен не лажеше толку многу“, „Барем се креативни“ и „Затоа секогаш проверете ја локацијата на хотелот пред да резервирате соба“, се само дел од коментарите.