Од 2020 година се нижат критиките на сметка на пејачката Лана дел Реј (37). Наградуваната и светски позната пејачка прошетала на некој гастрономски настан во Холивуд облечена во фармерки и кратка кошула, така што сите можеле да го видат нејзиниот сегашен изглед.
Видно здебелена, пејачката шетала покрај публиката, а речиси никој не ја препознал.
Откако се појави на музичката сцена Лана беше трн во око за многумина. Како дете кое дошло од „богато семејство“ зборувале дека ја „купила“ славата. Но, нејзиниот талент бил толку очигледен што тоа што зборувале луѓето настрана не било вистината.
Наскоро и самата Лана ги започнала гласините дека е склона на пороци. Така во неколку наврати била снимена на концерти каде очигледно била под дејство на дрога. Додека се забавувала, одвај го следела ритамот на песните.
Меѓутоа, во 2020 година прво било забележано дека се здебелила, па луѓето мислеле дека ги „оставила“ алкохолот и цигарите на кои била изложена, па поради тоа сега изгледа така.
„Како е можно да си го дозволи ова самата себе?“, коментирале луѓето под нејзините фотографии на социјалните мрежи.
Очигледно дека пејачката не успева да се избори со овие критики, па продолжува својот живот да го води ненаметливо.