Легендарната манекенка Синди Крафорд е позната по своите беспрекорни фотографии и изданија, знае како да комуницира со фотоапаратите и да се покаже во најдобро можно светло.
57-годишната Синди била уловена од папараците додека излегувала од ресторан во Малибу и направила смешен и симпатичен израз на лицето со кој не сме навикнати да ја гледаме, поради што не било лесно да се препознае.
Синди е една од ретките дами која и денес е верна на својот природен изглед, а освен ригорозните вежби кои ѝ го одржуваат телото цврсто, таа е поборник за природниот изглед, а нема направено никакви естетски зафати.
Инаку, Синди е мажена за Ранде Гербер, кого го запознала на свадба и веднаш се спријателиле. Во тоа време Гербер повремено работел и како модел, но подоцна се префрлил на претприемништвото на кое се фокусирал.
И двајцата биле со други партнери во времето кога се запознале, а Синди во тоа време дури била во брак со Ричард Гир, но набрзо се развеле. Подоцна, таа зборуваше за тоа како нејзиниот прв брак не успеал бидејќи се омажила премногу млада, а се шпекулираа дека Ранде можело да биде причина за нивните неволји.
„Ниту Ранде, ниту јас не планиравме да запознаеме некого во тој момент од животот. Тој имаше девојка, а јас бев мажена“, изјави таа години подоцна во едно интервју и дека не се смириле додека двајцата не биле соло.
Додека не започнале романтична врска, добро се запознале и биле пред сѐ пријатели, а Синди вели дека токму тоа е рецептот за среќен брак. Тие се венчале на Бахамите на 29 мај 1998 година, а манекенката до олтарот пристигнала боса на плажата. Двајцата опишале како нивната венчавка била убава и лежерна и не правеле премногу врева за сѐ.