Фолк пејачот Дарко Лазиќ повторно ќе почне да настапува откако пред два месеца имаше тешка сообраќајна несреќа и е во количка. Оваа информација најмногу ги израдува неговите фанови кои на Инстаграм му напишаа пораки со поддршка. Тој објави видео од тонска проба и видео- клип како пее.
“ Започнавме со тонски проби. За настапи малку ќе почекаме кога во целост Дарко ќе биде подготвен да издржи неколку часа на сцена“ изјавил неговиот менаџер Миљан Врачевиќ.
Претходно, Дарко Лазиќ изјавил за “Ало“ дека е нестрплив да излезе пред публика со нови песни и дека кафеаната ужасно му недостасува.
“ Планирам нов албум. Цело ова време ми недостасува контактот со публиката. Кафеаната е мојот живот, а пеењето најголема љубов“ , изјавил Дарко.